Утрински Весник
Спорт

Дончиќ сака да го гледа мечот Ѓоковиќ-Зверев

Дончиќ сака да го гледа мечот Ѓоковиќ-Зверев

Лука Дончиќ има голема желба во живо да го гледа полу-финалниот меч на Новак Ѓоковиќ.

Словенија денес има слободен ден на кошаркарскиот турнир, утре ќе игра за првото место во групата против Шпанија. Слободниот ден, ѕвездата на Далас Маверикс, сака да го искористи за да го погледне полу-финалето Ѓоковиќ-Зверев.

На Твитер, Дончиќ, побарал помош.

„Како можеме да одиме за да ги гледаме полу-финалните мечеви во тенис? Ве милам за помош“, им се обратил Дончиќ на организаторите на Олимписките игри.

Сепак, правилата се јасни, учесниците не можат да ги гледаат натпреварувањата во другите спортови.

Ѓоковиќ, околу 10 часот ќе го започне дуелот со Зверев, а потоа ќе игра и во полу-финалрто на мешани двојки заедно со сонародничката Нина Стојановиќ.

> Дончиќ сака да го гледа мечот Ѓоковиќ-Зверев <

Можете да прочитате

Влаховиќ го напушти Јувентус и потпиша за Бешикташ

Халанд и Меси на пакети кокаин: Полицијата заплени 369 килограми дрога

Нов македонски рекорд на 200 метри слободно – Ѓуретановиќ испиша историја