Утрински Весник
Спорт

Алиоски месец дена подоцна се збогуваше со навивачите на Лидс

Алиоски месец дена подоцна се збогуваше со навивачите на Лидс

Еден месец по крајот на неговиот договор, македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски се збогуваше со навивачите на Лидс јунајтед, праќајќи им емотивно . на социјалните мрежи.

Алиоски помина четири години на „Еланд роуд“, од кои три под Марсело Биелса, со кого оствари влез во Премиер лигата во 2020. Во .то тој се извини за доцното обраќање кон навивачите.

„Сакам да кажам некои зборови за семејствоот на Лидс, за фановите на Лидс. Сакам да се извинам бидејќи ми беше потребно и не беше лесно да се замине од така голем клуб како Лидс јунајтед . Сакам да ви се заблагодарам, посебно на навивачите кои од првиот момент ми го допреа срцето. Никогаш нема да ве заборавам. Секаде каде што ќе одам Лидс ќе биде со мене. Посебна благодарност до сопственикот Андреа Радрицани, до Виктор Орта, и секако до менаџерот Марсело Биелса, кој беше најдобар на светот. Ќе ми недостасувате сите. Го остваривме сонот за враќање во Премиер лигата, кога го имав најдоброто чувство во мојот живот. До фановите, имате нов навивач меѓу вас, тоа е Џани Алиоски и ќе го следам секој натпревар со вас. Маршираме заедно“, напиша Алиоски.

> Алиоски месец дена подоцна се збогуваше со навивачите на Лидс <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина