Утрински Весник
Македонија

Скопјанец земал 90.000 денари од касата на работа и одбил да ги врати

Скопјанец земал 90.000 денари од касата на работа и одбил да ги врати

Полицијата во скопската населба Карпош поднесе кривична пријава против 36-годишен скопјанец со инцијали И.А, поради сомнение дека сторил кривично дело „затајување“.

Како што информираат од МВР, на 19 мај годинава, додека пријавениот бил на работното место на улица „Варшавска“ во Скопје, своеволно и без дозвола од работодавачот, од благајната на видео-лотариските терминали одзел 90.000 денари.

Подоцна, по пристигнување на менаџерот, заедно ги преброиле парите и бил констатиран кусок, по што му било побарано да ги врати парите, но работникот не го сторил тоа.

Можете да прочитате

Тошковски: Безбедносната состојба стабилна, МВР постапува согласно надлежностите

До 9 часот на претседателските избори гласале неколку илјади граѓани помалку отколку на парламентарните

Паланчанец делел бонови за гориво во изборен молк