Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Трајко Вељаноски осуден на 6,5 години затвор, Спиро Ристовски и Миле Јанакиески на 6 и 3 месеци, а Владимир Атанасовски на 6 години затвор

Трајко Вељаноски осуден на 6,5 години затвор, Спиро Ристовски и Миле Јанакиески на 6 и 3 месеци, а Владимир Атанасовски на 6 години затвор
Dik 300x250 mk

На судењето за организаторите за упадот во Собранието на 27 април, поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски е осуде на шест години и шест месеци затворска казна, поранешните министри за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, на шест години и три месеци, а поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски, на шест години.

Сите се обвинети за кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста”.

Според Судот, настанот е плански организиран со единствена цел задржување на власта. Како отежителна околност Судот го зел предвид загрозувањето на животот на пратениците при упадот.

Како олеснителни околности Судот го наведе тоа што обвинетите се релативно млади луѓе, се со високо образование, имаат оформено семејство и се родители, како и тоа дека против нив не се водат други.

Судскиот процес за организаторите на насилствата од 27 април во Собранието започна на 21 февруари минатата година.

Во истрагата беа опфатени и поранешниот премиер Никола Груевски и ексразузнавачот Никола Бошковски, но постапката за нив е запрена додека не станат достапни на органите на прогон.

Можете да прочитате

Утревечер ѕвездено небо над Штип во чест на Панчо, светлината што никогаш нема да згасне

Филипче: Во програмата на Бузлевски никој не е заборавен, со него Ресен повторно ќе се развива

Османи до Меџити: Срамно лажеш дека мојот покоен татко направил дивоградба, стотици милиони евра испумпавте со дивоградби