Утрински Весник
Свет

Путин: Руската флота е способна да открие каква било цел и да и нанесе смртоносен удар, доколку е потребно

Путин: Руската флота е способна да открие каква било цел и да и нанесе смртоносен удар, доколку е потребно

Рускиот претседател Владимир Путин на големата поморска парада во Санкт Петербург рече дека руската флота е способна да открие и уништи „која било цел“.

Главната парада се одржува по повод 325. годишнината од формирањето на руската флота.

„Денес, руската флота располага со се’ што е потребно за непогрешливо да ја брани татковината и нашите национални интереси. Способни сне да откриеме каква било непријателска цел под вода, на површината или во воздухот и да нанесеме смртоносен удар, доколку е потребно“, рече Путин во телевизиското обраќање.

Според него, Русија го зазеде своето место меѓу „најголемите поморски сили на светот“ со развивање „поморска авијација со краток и долг дострел, крајбрежни одбранбени системи и хиперсонично прецизно оружје на новата генерација која е неспоредлива во светот и продолжува успешно да се доработува и подобрува“.

На петтата парада учествуваат 54 бродови, 48 авиони и повеќе од 4.000 војници.

Русија на почетокот на неделава објави дека успешно тестирала нов систем за противвоздушна одбрана С-500 и крстосувачка ракета хиперсоничен Циркон од новата генерација на оружје, за кои претседателот Путин вели дека не постојат такви во светот.

Русија планира да ги опреми своите подморници и воени бродови со ракетниот систем Циркон.

Можете да прочитате

Израел ги нападна Хутите во Јемен

Трамп најави дополнителни царини за секој што ќе соработува со „антиамериканскиот сојуз БРИКС“

Бројот на жртви од поплавите во Тексас достигна 70