Утрински Весник
Македонија

Сончево време со температура до 37 степени

Сончево време со температура до 37 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност и слаб до умерен претежно северен ветер.

Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 30 до 37 степени, јави УХМР.

Во Скопје, сончево со мала облачност и слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 35 степени.

Во наредните денови следува период на претежно стабилно и многу топло време. Дневните температури ќе бидат во пораст, а особено топло се очекува од средината на следната седмица кога на места ќе го достигнат 40-тиот степен..

Можете да прочитате

Боби Христов прогласен за технолошки вишок во Телма, ССНМ застана зад новинарот

Петров: Оваа недела го доставуваме планот до СДСМ, сулудо е да се чека

Петров: Ние не сме се гледале со Мицкоски, ама Филипче интензивно се гледаше со него