Утрински Весник
Македонија

Гужви на Богородица и Табановце, за влез и излез во државата се чека и до 45 минути

Гужви на Богородица и Табановце, за влез и излез во државата се чека и до 45 минути

Големо раздвижување на граничните премини има утрово.

Автомотосојузот на Македонија соопшти дека на граничните премини Богородица и Табановце задржувањето за влез и излез е од 30 до 45 мин со можност за зголемување во наредните часови.

На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Инаку сообраќајот се одвива по суви коловози.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани.

Можете да прочитате

Кривична пријава за дрвокрадец од Прилеп

За да се избегнат грешки при испраќање на казните од „Безбеден град“, возачите ќе добиваат код

(Видео) Штекли осуден на осум години затвор