Трансферот на австрискиот фудбалски репрезентативец, Марко Арнаутовиќ од Кина во калчолигашот Болоња се уште не е договорен, но разговорите се во тек.
„Со Болоња веќе постигнавме договор и сега се зависи од Шангај“ рече Арнаутовиќ во изјава за австриските медиуми.
Тој за виенски „Kronen cajtung“ вели дека и понатаму проблем е отштетата.
Кинескиот клуб бара од Арнаутовиќ, кој има важечки договор со Шангај до декември 2022 година отштета од 4 милиони евра.
Болоња, пак, е подготвена да плати максимум 2 милиони евра за Австриецот.
Тренерот на Болоња, Синиша Михајловиќ вели дека неговиот клуб прави се за да го доведе голгетерот во Серија А.
„Ако тоа не успее, никој нема да има вина. Пазарот на трансфери често има сопствена динамика“ објасни Михајловиќ.
> Марко Арнаутовиќ: Се е договорено со Болоња, Шангај е на потег! <