Утрински Весник
Македонија

Викендов во Врање за вакцинација имало повеќе Македонци отколку Срби

Викендов во Врање за вакцинација имало повеќе Македонци отколку Срби
Dik 300x250 mk

Викендов над 200 Македонци се вакцинирале со прва или втора доза во Врање, Србија, што е драстично повеќе од српските државјани кои дошле да примат вакцина во здравствениот дом.

Порталот „Врање њуз“ соопшти дека во изминатите два дена, 39 Македонци се вакцинирале со прва доза, а 189 со втората.

„Ако бројот на вакцинирани Македонци се одземе од вкупниот број на имунизирани лица вчера, може да се види дека бројот на вакцинирани граѓани на Врање е само 19 (7,7 проценти). Во саботата, од вкупно 334 вакцинирани, 299 беа македонски државјани (89,5 проценти)“, пишува „Врање њуз“.

Досега од почетокот на имунизацијата во Србија, во овој град се вакцинирале 11.743 Македонци, од кои 9.012 примиле втора доза.

Најголем број граѓани се вакцинирале со кинеската вакцина „Синофарм“, по што следат „Фајзер“, „Спутник“ и „Астра зенека“.

Можете да прочитате

Обиена филијала на Бит Пазар, украден сеф со пари

Маж пронајден починат во Центар

Фондот за здравство најави мерки: Околу 477.000 луѓе имаат бесплатно здравствено осигурување, а работат во сива економија