Утрински Весник
Македонија

Девет танчерки приведени во локал во Тетово

Девет танчерки приведени во локал во Тетово

Во локал во Тетово доцна синоќа биле затекнати девет танчерки, кои ги забавувале гостите. Според информациите, три од нив биле руски државјанки, по една од Украина и соседна Албанија, и четири македонски државјанки.

„ На 10/11.07.2021 година во времето од 23,50 до 01,00 часот, а по претходно изготвен план, од страна на инспектори од ОНТДО и УПС од ПС-Тетово извршена е акциска контрола во угостителски објект во Тетово, во сопственост на А.Б. (44) од Тетово. При тоа затекнати се девет женски лица кои ги забавувале гостите (танчерки). Лицата се лишени од слобода и задржани во СВР-Тетово за понатамошна постапка“ соопшти МВР.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО не смее да молчи за ширењето паника за Алта банка од страна на СДС и Филипче

СДСМ: Aлта банка и предвремени избори – ЗНАМ и Максо преку правосудниот испит му прават алиби на Мицкоски

Шасивари од Будва: Криминалот не смее да се исплати, а незаконски стекнатиот имот не смее да остане кај сторителите