Властите во кинеската југозападна провинција Јунан пријавија три локално пренесени случаи на коронавирус, поради што тие одлучија дека нема да може да се влегува во градот Руили без посебна дозвола.
Сите три случаи се пријавени во градот Руили, кој се граничи со Мјанмар, пренесува „Ројтерс“.
Последното локално ширење на вирусот во Кина беше кон средината на јуни во провинцијата Гуангдонг на југот од земјата.