Утрински Весник
Македонија

За македонскиот јазик не се преговара и нема потреба од расправа во Собранието, смета СДСМ откако опозицијата предложи резолуција

За македонскиот јазик не се преговара и нема потреба од расправа во Собранието, смета СДСМ откако опозицијата предложи резолуција

Ако Мицкоски не е сигурен во својот идентитет, во јазикот кој го зборува, нема потреба да поднесува резолуции, реагира СДСМ откако претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски најави дека опозицијата во Собранието ќе поднесе резолуција со која ќе бидат дефинирани црвените линии во преговорите со Бугарија.

„Мицкоски е изгубен во своите блокади, нема доследен став и се што прави е против државните и националните интереси. Се’ што прави Христијан Мицкоски е против државните и национални интереси, тој до толку е изгубен во своите блокади што еден ден зборува едно друг ден друго. Македонскиот јазик и македонскиот идентитет се меѓународно потврдени и признаени и нема потреба од било каква расправа за тие прашања особено не во македонското собрание“, наведува СДСМ во реакцијата.

Во продолжение се додава дека политичар како Мицкоски кој ги кочи интегративните процеси на државата не може да понуди никаква европска агенда.

Според СДСМ, очигледно е дека Мицкоски ќе измисли се’ само за да ги блокира тековните мерки и политики што носат придобивки за граѓаните и државата.

 

 

Можете да прочитате

Под контрола два пожари на отворен простор

Околу 30 илјади патници минале на ГП „Ќафасан“ во последните три дена

Апасиев во Крушево: Борбата е вечна, победата неизбежна