Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Oставка од британскиот министер за здравство откако со страсни бакнежи ги прекрши ковид-мерките

Oставка од британскиот министер за здравство откако со страсни бакнежи ги прекрши ковид-мерките
Img 7972

Британскиот министер за здравство, Мет Хенкок, поднесе оставка откако се најде во центарот на скандал поради кршење на мерките за одржување на физичко растојание, откако се појавија фотографии на кои се гледа дека разменува прегратки и страсни бакнежи со својата главна советничка.

Од Даунинг стрит ја испратиле оставката на Хенкок до премиерот Борис Џонсон.

Мет Хенкок претходно призна дека ја прекршил мерката за физичко растојание, кратко откако во медиумите се појавија фотографии и снимки на кои тој се бакнува со својата колешка, Џина Коладанџело.

Ханкок рече дека ги изневерил луѓето и дека многу му е жал заради фотографиите со неговата соработничка, што тој самиот ја назначил на позицијата во министерството.

„Прифаќам дека ги прекршив упатствата за социјална дистанца во овие околности. Разочарав многумина и многу ми е жал”, рече Хенкок, цитиран од медиумите.

Хенкок е во брак 15 години и има три деца, а Коладанџело минатата година добила позиција советник, во услови на пандемска криза.

Опозициската Лабуристичка партија претходно побара од премиерот Борис Џонсон да го разреши Ханкок, оценувајќи дека неговото останување на функцијата е неодржливо.

Можете да прочитате

Нобеловата награда за хемија ја добија Китагава, Робсон и Омар М. Јаги

Грета Тунберг: Израелците ставија 60 луѓе во кафези и рекоа дека ќе нè убијат со гас

Германска градоначалничка избодена со нож