Утрински Весник
Свет

Млад човек починал откако работел цел ден на 40 степени во Италија

Млад човек починал откако работел цел ден на 40 степени во Италија

Смртта на 27-годишниот Камар Фантамадио, по потекло од Мали, кој почина откако работеше цел ден на плантажи, е една од главните теми на италијанските медиуми.

Младиот човек работел цел ден на полето во регионот на Пуља, на температура од 40 степени, за 6 евра на час, пишуваат медиумите.

На пат кон дома, тој се сруши, „беше убиен од експлоатацијата врз која се потпира италијанското земјоделство“, рече синдикалниот активист Џoрџо Кремаши.

Медиумите пишуваат и за уште една жртва на како што ја нарекуваат, безмилосната и ропска експлоатација на странски работници кои се во мрежата на сопственици на плантажи и организиран криминал.

Работниците, по потекло од Мали, иницирале акција за собирање пари со цел да го пренесат телото на починатиот млад човек во земјата на потекло, за што биле потребни 4.000 евра.

Трагичната смрт на младиот човек ја започна јавната дебата за положбата и експлоатацијата на странските работници, но и смртта на работното место воопшто, пренесуваат италијанските медиуми.

Како и многу пати досега, пишуваат тие, дури и ваквиот трагичен настан нема да промени ништо значително со веќе постоечката состојба.

Можете да прочитате

ОН: Заштитниот штит во Чернобил повеќе не ја задржува радијацијата

Турција: Продолжен притворот на Имамоглу и на 104 лица обвинети за корупција

САД ја укинаа рутинската вакцинација на новороденчињата против хепатит Б