Утрински Весник
Македонија

Во Скопје каменуван и ограбен српски автобус кој превезувал руски туристи

Во Скопје каменуван и ограбен српски автобус кој превезувал руски туристи

Туристички автобус на една српска компанија, кој пренесувал руски туристи, бил каменуван и ограбен во Скопје, пишуваат медиумите во регионот.

Според изјава на менаџерот за сообраќај на таа компанија, руските државјани биле на патување во земјите од регионот, Србија, Црна Гора, Албанија и Македонија.

Автобусот бил паркиран во центарот на градот, а туристите и возачот заминале на спиење. Меѓутоа се случил инцидент откако непознати сторители го оштетиле возилото и го искршиле стаклото. Автобусот бил обиен а украдени биле лични работи на патниците и возачот кои биле во автобусот.

Полицијата извршила увид. На искршениот прозор биле најдени траги од крв, пренесуваат медиумите.

Поради штетите, туристите не можеле да го продолжат патот со возилото, па по нив дошол друг автобус.

Сè уште не е утврдена причината за ваквиот вандалски чин. Полицијата во Северна Македонија работи на расветлување на случајот, пишуваат регионалните медиуми.

Можете да прочитате

Коцевски му одговори на Мицкоски: Обвинител имаше вирус, но потоа одржа состаноци со полицијата

Одреден осумдневен притвор за тројца од вчерашните настани каде беше сквернавено државното знаме

(Видео) Аерозагадувањето е темата на новата епизода од подкастот ЗРАК со д-р Мариа