Утрински Весник
Македонија

15 возачи управувале возило под дејство на алкохол во Штип

15 возачи управувале возило под дејство на алкохол во Штип

Во текот на вчерашниот ден по спроведена акциска контрола во областа на сообраќајот во Штип, било констатирано дека 15 возачи управувале возило под дејство на алкохол, притоа биле изречени и 24 прекршоци што ги направиле пешаците, а констатирани биле и 34 други видови на прекршоци.

Според МВР, за сите прекршоци биле изречени соодветни санкции.

Засилените контроли продолжуваат и во наредните денови, велат од министерството и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Можете да прочитате

Сиљановска-Давкова ја прими претседателката на турската Црвена полумесечина

Марш, „Непокор.Борба.Иднина„ на СДСМ во Прилеп – 85 години антифашизам

Церемонија на менување на државното знаме во претседателскиот кабинет пред најмлади посетители