Утрински Весник
Магазин

Прстенот на Гвен Стефани предизвика гласини дека тајно се омажила за Блејк Шелтон

Прстенот на Гвен Стефани предизвика гласини дека тајно се омажила за Блејк Шелтон

Поп ѕвездата Гвен Стефани на раката носи прстен со дијамант лента што предизвика гласини дека таа веќе е мажена за кантри-пејачот Блејк Шелтон.

51-годишната фронтменка на бендот No Doubt беше фотографирана  во Лос Анџелес во вторникот каде покажа многу интересно парче накит на левиот прст, а некои селебрити-медиуми веднаш искоментираа дека ваков накит обично се подарува на невестата.

Ова се случува само неколку дена откако Стефани сподели фотографија на која се чини дека приредува моминска вечер, a во описот на објавата со големи букви напиша : „Таа се мажи“.

Гвен го покажа својот дијамантски прстен облечена во тегет панталони од нејзината линија облека Anaheim Hillbillies во комбинација со жолта кошула и бели каубојски чизми – најдобра реклама на сопствениот бренд.

Во октомври минатата година, Гвен и Блејк решија да се верат, а со тоа и да ја официјализираат нивната петгодишна врска. Убавата вест ја објавија на Инстаграм.

Можете да прочитате

Костадинов ќе стане татко – го очекуваат синот Никола

Синчето на Борко Ристовски најде 500 евра во маркет – мајката Нина го бара сопственикот

Бугати направи велосипед – поскап е од нов семеен автомобил