Утрински Весник
Македонија

Казнети 319 возачи во Скопје, од кои 44 за брзо возење

Казнети 160 возачи во Скопје, од кои 76 за брзо возење

Полицијата вчера казни 319 возачи во Скопје, од кои 44 за брзо возење, информира Министерството за внатрешни работи.

„На територијата на град Скопје изречени се вкупно 319 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 44 санкции, 41 мерка за возење без возачка дозвола, 24 прекршоци што го чинат возачите на мотоцикли. Изречени се 17 санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, 16 за некористење сигурносен појас, 17 за користење мобилен телефон, 94 санкции за непрописно паркирање“, велат од МВР.

Од таму најавија дека засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Можете да прочитате

Над 20.000 евра „заработиле“ две лица кои менувале оценки на УГД Штип, ОЈО бара притвор

Сиљановска-Давкова се сретна со Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте

Вајц ја повика Кос да вложи дипломатски напори за решавање на спорот меѓу Македонија и Бугарија