Утрински Весник
Македонија

Бројот на ковид-пациенти во македонските болници се спушти под 100

Доцна вечерва пристигнува офицерот на АРМ кој со корона се заразил во Африка

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот што се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците во земјата е 99 и има околу 550 празни болнички кревети во ковид-центрите, информираат од Министерството за здравство.

Од таму потсетуваат дека поради намалениот број на болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид-пациенти.

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците во земјата, со исклучок во главниот град, е пријавено дека се лекуваат вкупно 65 пациенти позитивни и суспектни на вирусот.

Во болниците во Скопје тој број изнесува 34 пациенти, од кои само еден бил примен во последните 24 часа. Во изминатото деноноќие дома биле пуштени тројца оздравени пациенти.

„Во болницата во Битола се хоспитализирани 4 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 5 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 3 пациенти, во Велес се лекуваат 6 болни, а во Куманово 15 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во ковид-центарот во Охрид хоспитализирани се 6 пациенти, во Прилеп – 3, во ковид-центарот во Гостивар – 8, а во Струга – 4 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 9 пациенти, во Кичево – 2, а во Кавадарци и во Гевгелија нема хоспитализирано лица позитивни и суспектни на вирусот“, се наведува во соопштението од Министерството, од каде што додаваат дека бројките се менуваат од час на час според направените приеми и исписи на пациенти.

Сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.

Исто така, се нагласува дека во скопските ковид-центри бројот на приеми во изминатите денови се намалува и утрово, до 8 часот, имало 100 слободни места.

Можете да прочитате

Сведок во случајот „Државна Лотарија“: Набавката на ВЛТ апаратите била спроведена согласно претходно усвоени планови, терминалите никогаш не биле пуштени во употреба

СДСМ: Не работат скенери, томографи, фалат лекови – со Клековски и Мицкоски здравството е во хаос

Тешко повреден мотоциклист, изгубил контрола и удрил во заштитна ограда