Утрински Весник
Македонија

Приведен жител од Старо Нагоричане за предизвикување пожар

Pozar.jpg

На 04.10.2026 во 22:20 часот, полициски службеници од Полициското одделение Старо Нагоричане го лишија од слобода Ф.М.(25) од с.Враготурце, Општина Старо Нагоричане, постапувајќи по претходна пријава дека во селото предизвикал пожар.

Тој е приведен во полициска станица и по извршени проверки, било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,36 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.


Можете да прочитате

Приведени шест малолетници од Скопје, извршиле разбојништво и разбојништво во обид

Активни пожарите во липковско – 24info.mk

Недостигот на информации, надзор и доверба ја „хранат“корупцијата во здравството