Утрински Весник
Свет

Кафулињата и пекарниците во Хрватска од утре ќе работат до полноќ

Кафулињата и пекарниците во Хрватска од утре ќе работат до полноќ

Поради поволната епидемиолошка состојба во Хрватска, кафулињата и пекарниците ќе можат да работат до 24 часот. Исто така и јавните собири ќе бидат дозволено до полноќ.

Укината е и забраната за обука и натпреварување во затворен простор.

Во пресрет на Европското првенство, препораката до сите локални самоуправи е да не се организираат масовни гледања на фудбалски натпревари, беше речено на прес-конференцијата на Штабот за цивилна заштита.

Се препорачува масовните јавни собири и манифестации да се избегнуваат и за време на туристичката сезона, бидејќи значењето е да се користи, како што е објаснето, сè што епидемиолошката состојба дозволува, но контролирано.

Можете да прочитате

Пукање во фан зона во Калифорнија, eдно лице убиено

ЕУ ќе даде пет милиони евра помош за областите погодени од земјотресите во Венецуела

Иран нападна цели поврзани со американските сили како одговор на американскиот напад