Утрински Весник
Македонија

Мини зоолошка градина отворена во училиштето „Браќа Миладонвци“ во Скопје

Мини зоолошка градина отворена во училиштето „Браќа Миладонвци“ во Скопје
Dik 300x250 mk

Во средното земјоделско-ветеринарно училиште „Браќа Миладиновци“ во Скопје отворена е мини зоолошка градина – ЗОО Парк.

Градоначалникот Шилегов заедно Мила Царовска, , Аријанит Хоџа и Елизабета Ангелеска, денеска присуствуваше на отворањето за посетители на мини зоолошката градина – ЗОО Парк и систем за аквапоник во дворот на средното земјоделско-ветеринарно училиште „Браќа Миладиновци“ во Скопје.

Во реновираната зоолошка градина има повеќе од триесет различни видови животни.

Оваа зоолошка градина во дворот на училиштето постои веќе повеќе години, и е дел од практична настава за учениците, а од денеска таа официјално ќе биде отворена за сите посетители.

Влезот е слободен, односно со донирање на симболична сума, секој ќе може да влезе и да го посети ЗОО Парк во средното училиште „Браќа Миладиновци“.

 

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ води во 52 општини, СДСМ во 9, ВРЕДИ во 8 и НАИ во 5 општини

Мицкоски: Победа во над 30 општини, Орце води убедливо во Скопје

Филипче: Резултатот не е крај, туку почеток на консолидацијата на СДСМ