Утрински Весник
Македонија

Шахпаска: Целосната интеграција на Ромите е наш приоритет

Шахпаска: Целосната интеграција на Ромите е наш приоритет

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, денеска оствари средба со раководителот на канцеларијата за Интеграција на Роми 2020 при Советот за регионална соработка, Орхан Усеин и експертот за политики, Александра Бојаџиева при што беше нагласена потребата од продолжување на натамошната соработка, со оглед на тоа што интеграцијата на Ромите е приоритет за Владата.

„Министерството за труд и социјална политика интензивно работи на интеграција на Ромите и останатите ранливи категории на граѓани и тоа преку повеќе проекти кои значат директна поддршка за нив. За изградба на социјални станови наменети се 69 милиони евра, потоа во соработка меѓународни партнери обезбедени се 412 илјада евра за проектот за собирање и селектирање на отпад, додека 25 милиони евра за Оперативниот план на активни програми и мерки за вработување во кој еден од принципите е инклузивност и диверзитет”, нагласи министерката Шахпаска.

Советот за регионална соработка веќе пет години го спроведува проектот Интеграција на Ромите, поддржан од страна на Европската унија и Фондациjата Отворено општество.

Целта на овој проект е да се подобри состојбата на ромската заедница и да се премости јазот кој постои помеѓу Ромите и останатото население.

„Покрај социјалното домување, програмата за формализација на неформалната работа е една од нашите најважни цели. Одлично е тоа што Република Северна Македонија сериозно се вложува во оваа насока, како преку Оперативниот план, така и преку Мечинг фондовите за претприемништво за Роми ”, оцени Орхан Усеин.

Двајцата соговорници констатираа дека од исклучително значење е да се вложува во развој на дигитални и ИТ вештини кај Ромите, за да можат полесно и побрзо да стигнат до информации за предвидена помош, да се вклучат во бизнис секторот, но и кога би имало можност да ги пренасочат своите бизниси во е-бизниси.

Можете да прочитате

Исмаил: За Изборниот законик немаше консензус – во последен момент е вметнат член што предвидува казни до 8.000 евра за објави на социјалните мрежи

When in Krusevo 2026 – три дена исполнети со авантура, музика, природа и незаборавни доживувања

СДСМ: Сред лето не работат хируршките сали – власта го става во ризик здравјето на граѓаните