Утрински Весник
Македонија

Две малолетни лица тешко повредени во сообраќајка

Малолетник со веспа удрил во две девојки во Штип

Две малолетни лица од с.Агларци, општина Новаци се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случила синоќа помеѓу мопед и мотоцикл.

„ На 07.06.2021 во 19.50 часот во СВР Битола било пријавено дека во с.Г.Агларци, општина Новаци, се случила сообраќајна незгода помеѓу мопед „ванге-50“ со битолски регистарски ознаки, управуван од малолетник од с.Г.Агларци и мотоцикл „шинрај-150“ без регистарски ознаки, управувано од малолетник од с.Г.Агларци. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и малолетна сопатничка од мотоциклот „шинрај-150“, а со телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, констатирани во Клиничка болница Битола“ соопшти МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Битола.

Можете да прочитате

Во Амбасадата на САД во Скопје одбележани 250 години од американската независност

Зулфикар Зејнулах предложен за министер од ТДП 

Возач од Тетово уапсен: Возел 177 км/ч на делница со ограничување од 80 км/ч