Утрински Весник
Култура

Киро Донев ја допишува приказната за Видое Подгорец

Киро Донев ја допишува приказната за Видое Подгорец
Dik 300x250 mk

Романизирана биографија за Видое Подгорец објави писателот за деца и негов долгогодишен пријател и соработник, Киро Донев. Книгата насловена „Видое Подгорец-незавршена приказна“ е документ не само за животот и писателската работа на Подгорец, туку открива и многу негови размислувања и ставови за литературата, за писателскиот повик и за животот воопшто.

Рецензентката на книгата д-р Ана Витанова Рингачева во предговорот ќе рече: „Киро Донев со години живее со чувството на неспокој што катадневно се раѓа од натрупаните спомени од животот поминат со пријателот и учителот Видое. Измачуван од потребата вистината да се качи на пиедестал за да си го заслужи своето место во историјата, Киро Донев започнува да ја раскажува приказната за себе и Видое“.

Промоцијата на оваа книга ќе биде вечерва во Центар за култура „Антон Панов“ во Струмица, во склоп на Деновите на литературата за деца „Средби под јаворите-Видое Подгорец“. Овие настани се дел и од манифестацијата „Струмица-град на културата 2021“.

Текстот Киро Донев ја допишува приказната за Видое Подгорец е превземен од МАКФАКС.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“