Утрински Весник
Македонија

Индијци и Пакистанци со пиштоли и стапови нападнале и ограбиле мигранти на Табановце

Индијци и Пакистанци со пиштоли и стапови нападнале и ограбиле мигранти на Табановце

Двајца Индијци и двајца Пакистанци вооружени со пиштол, стапови и палки нападнале други мигранти кои се движеле пеш во близина на Табановце. Тие ги ограбиле, одземајќи им пари и мобилни телефони.

Основното јавно обвинителство Куманово за нив донесе Наредба за спроведување истражна постапка. Јавниот обвинител за осомничените, од кои двајца се државјани на Република Индија, останатите на Исламска Република Пакистан, поднесе Предлог за определување на мерката притвор до надлежниот суд.

„ На 4 јуни 2021 година, околу 21,00 часот во близина на Транзитниот центар Табановце, во состав на група од околу дваесет лица со употреба на сила, опасно орудие и огнено оружје, осомничените од други лица одзеле туѓи подвижни предмети со намера противправно да ги присвојат. Имено, додека три лица – оштетени се движеле пеш во близина на транзитниот центар Табановце со намера да ја преминат границата кон Република Србија, биле нападнати од група од околу дваесeт лица, меѓу кои биле и осомничените. Притоа еден од осомничените во рацете држел пиштол марка „Зораки-М 906-Т“, додека останатите во рацете држеле стапови и палки, а на појасите имале и ножеви. Кога ги запреле оштетените, еден од осомничените започнал да им издава наредби на останатите, велејќи им „удри“, „земи им ги парите и телефоните“, „пукај“, при што осомничените лица започнале со напад и при тоа им задале повеќе удари со стапови и палки на оштетените во предел на главите и телата, а биле испукани и два истрели во земја. При нападот од оштетените биле одземени по 50 евра или 200 евра, како и мобилните телефони, при што им биле нанесени и повеќе лесни и тешки телесни повреди“ соопшти обвинителството. ​

Можете да прочитате

ВМРО ДПМНЕ: Арсовска е креаторот и изворот на хаосот во јавните претпријатија и во Градот Скопје

(Видео) Со колони знамиња прославено во Скопје Денот на албанското знаме

Јаневска: Директорот во студентскиот дом „Пелагонија“ набавил пилешко по цена од 570 денари за килограм