Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ за договорот со Бугарија: Народот будно да ги следи состојбите, на Заев не може да му се верува

ВМРО-ДПМНЕ за договорот со Бугарија: Народот будно да ги следи состојбите, на Заев не може да му се верува

Зоран Заев и владата водат тајни разговори со Бугарија. Заев да каже што прифаќа, и дали на маса е македонската национална посебност, рече на денешната прес-коференција, пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски.

„Го повикуваме народот да биде внимателен и сериозно да ги следи состојбите, бидејќи на Заев не може да му се верува. Тој до сега безброј пати покажа дека едно ветува, а друго прави“, кажа Стојаноски кои посочи дека досега од јавноста се криело дека воопшто се преговара, но од ВМРО-ДПМНЕ први го расветлиле тоа.

Тој посочи и дека опозициската партија е сериозно загрижена за државата.

„Сите ги знаеме бугарските позиции. Но, никој не ги знае позициите на Зоран Заев, тој јавно ги менува своите ставови и ја понижува Македонија. Позициите на Македонија со Заев се разнишани и постои сериозна опасност дека секој договор што тој би го постигнал ќе биде на штета на државата“, вели Сојаноски.

Тој уште еднаш го повика Заев јавно да каже дали на маса е нов национален пораз и порача дека ВМРО-ДПМНЕ нема да почитува договор кој ќе значи негација на Македонија, нејзината национална посебност, јазик и историја.

Можете да прочитате

Шекеринска ги обедини СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во чест на историскиот успех

Македонски автобус вечерва се излизга од автопат и удри во банкина во Србија

Мицкоски: Се надевам дека деновиве ќе имаме друга позиција од банките, целта е што пониска камата за бизнисот