Утрински Весник
Свет

Крвав напад во Кина, со нож усмртени 5 лица а најмалку 15 лица се повредени

Крвав напад во Кина, со нож усмртени 5 лица а најмалку 15 лица се повредени

Најмалку пет лица беа убиени а 15 се повредени во случаен напад со нож во источната кинеска провинција Анхуи денеска попладне.

Нападот се случил во трговската улица во Анкинг околу четири часот попладне по кинеско време, се вели во соопштението на градската канцеларија за јавна безбедност.

Полицијата го уапсила сторителот на местото на настанот и пријави дека во моментов го испитува инцидентот.

По инцидентот, Центарот за дарување крв на Црвениот крст „Анкинг“ поради малите залихи, итно повика доброволни дарители на крв преку социјалната платформа „Веибо“.

Засега не е познат мотивот за нападот.

Можете да прочитате

Ле Пен најави дека ќе се кандидира за претседателка на Франција

Трамп: Русија и Украина ќе постигнат договор, се надевам на брза средба меѓу Путин и Зеленски

Трамп изјави дека САД „веројатно“ вечерва повторно ќе го нападнат Иран