Утрински Весник
Македонија

Тетовската полиција со ноќен радар „лови“ несовесни возачи

Тетовската полиција со ноќен радар „лови“ несовесни возачи

Тетовската сообраќајна полиција, синоќа (3 јуни) во периодот од 20.30 часот до 23.30, спровела контроли на брзината со која се движат возилата во населено место.

Како што информираат од МВР, со користење на таканаречениот „ноќен радар“ биле откриени и санкционирани вкупно 42 надминувања на максимално дозволената брзина, од кои 10 за повеќе од 50 километри на час.

Покрај ова, санкционирани биле и пет други видови прекршоци.

Можете да прочитате

Почнува вакцинацијата против сезонски грип: Првите 30.000 дози веќе се во Македонија

Јовица Андовски поднесе оставка од функцијата заменик-министер за здравство

Жена од Дебар лажно пријавила дека била ограбена