Утрински Весник
Свет

Во Хонгконг уапсена организаторката на бдението за масакрот на плоштадот Тјенанмен

Во Хонгконг уапсена организаторката на бдението за масакрот на плоштадот Тјенанмен
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Уапсена е организаторката на бдението во Хонгконг, која сакаше да ја одбележи годишнината од бруталниот масакр на плоштадот Тјенанмен во Пекинг, објавија денеска локалните медиуми.

Активистката Чау Ханг-Тунг претходно изјави дека планира навечер да оди во паркот Викторија за да организира бдение за одбележување на страдањата на жртвите од репресијата на 4 јуни пред 32 години во Пекинг, и покрај тоа што властите го забранија настанот, објави телевизијата РТХК.

Полицијата ја уапси под сомнение дека организирала одржување на забрането бдение со свеќи, објави „Саут Чајна морнинг пост“, повикувајќи се на полициски извори. Чау е потпретседателка на Сојузот за поддршка на државните патриотски демократски движења на Кина од Хонгконг  (ХКА).

Полициските службеници ја уапсиле во петокот во раните утрински часови, објави весникот повикувајќи се на извор кој рече дека се очекуваат понатамошни апсења. Полицијата минатата недела објави забрана за обележување на настанот, поради пандемијата на коронавирус. Тие рекоа дека секој што ја прекршил забраната може да добие пет години затвор и уште една година за објавување на настанот.

Годинава, втор пат по ред, беше откажано годишното одбележување на крвавото задушување на протестите на плоштадот Тјенанмен.

Можете да прочитате

Објавени проекции: Ако нема миграција, ЕУ би имала под 300 милиони жители во 2100 година

Само три инспекции за 10 години: Сопственикот на барот во Кран-Монтана тврди дека ги исполнувал сите стандарди

Голем број на регистрирани возила во Норвешка лани биле целосно електрични