Утрински Весник
Македонија

Двајца приведени поради дрога, еден од нив-американец, физички ја нападнал полицијата

Двајца приведени поради дрога, еден од  нив-американец, физички ја нападнал полицијата

Две лица се приведени откако полицијата кај нив пронашла прашкаста материја, информираат од Министерството за внатрешни работи. Од таму додаваат дека еден од приведените физички нападнал полициски службеник.

Настанот се случил вчера кога во 17.20 часот на ул.„Филип Втори Македонски“ во Скопје, полициски службеници ги лишиле од слобода Д.А.(34) од Скопје и Р.Е.В.(36) од САД затоа што при преглед кај нив биле пронајдени бела грутчеста материја и кафеава прашкаста материја.

Тие биле приведени и притоа Р.Е.В. физички нападнал полициски службеник.

По целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Можете да прочитате

Голем пожар во поранешен „Декортекс“ во Радовиш – пожарникарите со натчовечка борба го ставија под контрола

Голем пожар во Радовиш, гори поранешна фабрика

Во автобус од Германија пронајдени непријавени 34.965 евра, приведени возачот и патник