Утрински Весник
Свет

Нетанјаху е подготвен да ризикува тензии со САД за да го спречи Иран да поседува нуклеарно оружје

Нетанјаху е подготвен  да ризикува  тензии со САД за да го спречи Иран да поседува нуклеарно оружје

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека се подготвени дури и да ризикуваат тензии со Соединетите Американски Држави за да спречат Иран да поседува нуклеарно оружје, пренесуваат светските агенции.

На церемонијата по повод назначувањето на шефот на израелската разузнавачка служба Мосад, Нетанјаху рече дека најголемата егзистенцијална закана со која се соочува Израел е можноста Иран да поседува нуклеарно оружје.

Тој исто така повика на продолжување на тајните операции против Иран. Тој посочи дека му ја пренел својата позиција во врска со иранската нуклеарна програма и на американскиот претседател Џо Бајден.

„Тоа му го кажав на Бајден, кој ми е пријател 40 години. Му реков, без разлика дали е постигнат договор или не, ние ќе продолжиме да правиме се што е во наша моќ да го спречиме Иран да поседува нуклеарно оружје. Ако требаше да избереме помеѓу тензиите со нашиот голем пријател Соединетите Американски Држави и отстранувањето на егзистенцијалната закана а се надевам дека тоа нема да се случи, ќе бевме на страна на отстранување на егзистенцијалната закана“, рече Нетанјаху.

Можете да прочитате

Масовен протест во Киев против новиот закон за статус на исчезнатите војници

Администрацијата на Трамп воведува ново правило за аплицирање за „Зелена карта“

Најмалку 90 лица загинаа при експлозија во рудник за јаглен во северна Кина