Утрински Весник
Свет

Захарова за тврдењата за американското и данското шпионирање: Вистината е многу пострашна

Захарова за тврдењата за американското и данското шпионирање: Вистината е многу пострашна
Dik 300x250 mk

Американското и данското шпионирање на европските лидери е само врв на ледениот брег, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

Германскиот весник „Зидојче цајтунг“ претходно објави дека Агенцијата за национална безбедност на САД, со помош на Данска, надгледувала бројни европски политичари во периодот од 2012 до 2014 година, особено германската канцеларка Ангела Меркел и сегашниот претседател на Германија, во тоа време министер за надворешни работи, Франк-Валтер Штајнмаер.

„Ситуацијата е уште полоша за земјите членки на НАТО. Тоа е многу полошо од она што го прочитаа, за што се обидуваат да не зборуваат во НАТО и раководството на Европската унија. Ми се чини дека вистината е многу полоша од она што сега се појавува во медиумите“, рече Захарова, објави „Спутник“.

Едвард Сноуден претходно на „Твитер“ напиша дека во прислушувањето бил вмешан американскиот претседател Џо Бајден, кој беше потпретседател на САД во времето на шпионажата.

Можете да прочитате

Кошта: Проширувањето на ЕУ сега стана реална можност

Закана за бомба во авион? Драма во Вашингтон: Сите летови одложени…

Австралија ќе им обезбеди на жителите три часа бесплатна сончева енергија дневно