Утрински Весник
Свет

Поради предупредување за бомба, авион на „Рајанер“ принудно слета во Берлин

Поради предупредување за бомба, авион на „Рајанер“ принудно слета во Берлин

По дојава за бомба, авионот на „Рајанер“ кој претходната вечер леташе на релација Даблин-Краков, беше принуден да слета во Берлин, објавија германските медиуми, додавајќи дека по проверката патниците го продолжиле летот.

„Полициската проверка покажа дека нема опасност“, изјави германската полиција додавајќи дека патниците го продолжиле летот кон Полска со друг авион.

Весникот „Билд Цајтунг“ објави дека извештајот за бомбата е лажен.

Авионот со 160 патници слета на аеродромот во Берлин синоќа во 20 часот и 08 минути.

Слична ваква ситуација имаше во јули 2020 година. Авионот на „Рајанер“ на истата линија Даблин-Краков тогаш принудно слета во Лондон откако имаше дојава за бомба, за која подоцна се покажа дека е лажна.

Можете да прочитате

Русија соопшти дека погодила три пловила во пристаништето Черноморск, како и магацин за дронови и фабрика во Одеската област

Меркел им порача на Германците дека „нема бесплатен ручек“ и ги повика да ја бранат демократијата

Два брода нападнати во близина во Ормуската Теснина во близина на Оман