Утрински Весник
Македонија

Променливо облачно и свежо со повремен дожд

Утре претежно облачно и посвежо со врнежи од дожд

Времето ќе биде променливо облачно и свежо со повремени врнежи од дожд, особено во западните делови. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 17 до 25 степени. УВ=6

Во Скопје, претпладне променливо облачно со сончеви периоди, попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 21 степен.

И утре ќе се задржи променливо облачно и свежо време со локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец, а температурите ќе бидат под просекот за овој период од годината. Од среда следува стабилизирање на времето со пораст на температурите.

Можете да прочитате

Украински дронови го нападнаа Санкт Петербург

Циклон од Џенова над Македонија: Ни доаѓаат обилни врнежи и невреме

СДСМ Карпош во одбрана на Богоев: Не ја потценувајте интелигенцијата на карпошани