Утрински Весник
Спорт

Платини: Чеферин лошо ја менаџираше кризата, испадна смешен

Платини: Чеферин лошо ја менаџираше кризата, испадна смешен

Поранешниот претседател на УЕФА, Мишел Платини, жестокот ја критикувал работата на актиелниот претседател на оваа организација, Александар Чеферин. Платни, во својата изјава, рекол дека Чеферин е „смешен“.

„Тој е еден од оние политичари кои никогаш не играче фудбал и кои живеат во својата слава“, рекол Платини сметајќи дека Чеферин на погрешен начин ја решил кризата која ја предизвика проектот европска Суперлига.

„Тоа што најдобрите европски клубови сакаат да имаат свое натпреварување се повторува и е ризик со кој УЕФА мора да се носи. Сепак, тој погрешно ја менаџираше кризата. Подобро е да ја спречите таа работа да се реализира отколку директорите и претседателите на тие клубови да ги наречете змии и предавници. Тоа е смешно. И јас се соочив со тој проблем на почетокот на мандатот. Се сретнав со претседателите на клубовите и ги убедив дека нашето натпреварување е подобро. Разговаравме за работите кои се добри за фудбалот, а не само за работата и телевизиските права“.

Поради корупциски скандал во кој беше вмешан, УЕФА во 2015 година, на Платни му забрани да да работи во фудбалот.

> Платини: Чеферин лошо ја менаџираше кризата, испадна смешен <

Можете да прочитате

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари