Утрински Весник
Свет

Во Унгарија забележани први случаи на индискиот вид на коронавирус

Во Унгарија забележани први случаи на индискиот вид на коронавирус

Унгарија идентификува два случаи на индискиот вид на Ковид-19, изјави во петокот владин службеник одговорен за програмата за вакцинација.

Според податоците на Универзитетот „Џонс Хопкинс“, Унгарија е земја со пропорционално најмногу смртни случаи во светот. Особено смртоносниот трет бран се смирува по брзата кампања за вакцинација.

„Индиската варијанта е присутна во Унгарија и според експертите не можеме да ја исклучиме можноста за нов бран на пандемија“, рече на прес-конференција Иштван Ѓорѓи, заменик-министерот за здравство и шеф на владиниот тим за програма за вакцинација.

Директорката на Унгарскиот институт за јавно здравје, Сесилија Мулер, додаде дека двајцата пациенти веќе оздравеле.

Епидемиолозите не биле во можност да утврдат како и каде се заразиле, а ниеден од нив неодамна не престојувал во странство.

Можете да прочитате

Од денеска нови правила во ЕУ за PFAS во амбалажата за храна

Путин најави реципрочни мерки доколку ЕУ почне да конфискува руски бродови од „флотата во сенка“

Американците должат 1,26 билиони долари на кредитни картички