Утрински Весник
Македонија

Сончево и топло со мала до умерена облачност

Утре сончево со мала облачност, стабилно време и во наредните денови

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне и кон крајот на денот на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално и во форма на невреме, особено во источните делови.

Ќе дува слаб до умерен, а во горниот тек на Повардарието повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 25 до 32 степена.

Во Скопје, претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и умерен, повремено засилен северен ветер. Попладне и кон крајот на денот нестабилно со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 28 степени.

Во наредните денови следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и со слаб до умерен, а повремено и засилен северен ветер.

Во четврток попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално и во форма на невреме со услови за појава на град. Температурата ќе биде во постепено опаѓање.

Можете да прочитате

Пожарот во близина на Самоков е изгаснат – фабриката е целосно безбедна

Се запали фабрика за оружје во Македонски Брод – гори хала со хемикалии

Заврши рехабилитацијата за првата група повредени во „Пулс“, во вторник доаѓа втора група