Утрински Весник
Свет

Блинкен во мисија на јакнење на мирот пристигна во Израел

Блинкен во мисија на јакнење на мирот пристигна во Израел

Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, пристигна денес во Израел, на почетокот на турнејата на Блискиот Исток за време на која ќе се залага за зајакнување на примирјето со групата Хамас во Појасот Газа и ќе помогне во забрзувањето на испораката на хуманитарна помош до разорената палестинска енклава.

Израелските власти соопштија дека ќе дозволат испорака на гориво, лекови и храна до приватниот сектор во Газа за прв пат по 11-дневниот конфликт. Прекуграничните судири завршија на 10 мај.

Блинкен исто така ќе ги посети Рамала на окупираниот Западен брег, Каиро и Аман, а САД се надеваат и очекуваат дека прекинот на огнот ќе се одржи и зајакне, изјави претставник на Стејт департментот.

„Нашиот примарен фокус е да го одржиме примирјето и да им испратиме помош на луѓето на кои им е потребна“, изјави службеникот кој не сакаше да биде именуван.

Блинкен, кој останува во регионот до четврток, планира да се состане со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Ерусалим и со палестинскиот премиер Махмуд Абас во Рамала.

Можете да прочитате

Израелската војска принуди 1.200 Палестинци да ги напуштат домовите во Хеброн

Во судир на два воени авиони за време на тренинг лет на Филипините загинаа четири пилоти

Протести во Чешка поради промени во финансирањето на медиумите, демонстранти се обидоа да влезат во Парламентот