Mинистерот за транспорт и врски Благој Бочварски заедно со директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми денеска извршија увид во изградба на автопатот Кичево -Охрид.
„Имаме силен интензитет на работа на автопатот Кичево – Охрид, секојдневно работат преку 360 машини со преку 720 работници. Експропријацијата на земјиштето на главата траса е завршена, конструкцијата на тунелот е исто така завршена, изградени се 3,5 километри потпорни ѕидови, а ископот на цела траса е завршен со 53 проценти“, нагласи ресорниот министер.
Во однос на шпекулациите дека автопатот поскапел, би истакнал дека таквите информации не се точни. Цената е утврдена уште од 2018 година на 598 милиони евра и не станува збор за дополнително поскапување, додаде Бочварски.
„До сега се асфалтирани 31% од прв слој на асфалт од вкпуната траса, а завршени се дополнителните проекти за 9 клучки. Во меѓувреме се работи на алтернативните пристапни патишта, на ископите, на изградба на мостовите и вијадуктите, на тампонирање и останати земјени работи каде позициите тоа го дозволуваат“, посочи министерот.
На новинарско прашање кога ќе биде завршен автопатот, Бочварски истакна дека во овој момент се преговара со изведувачот за нов анекс на договорот со кој ќе се продолжи изградбата на автопатот, без дополнителни средства.