Утрински Весник
Спорт

Младиот тренер добива примамлива понуда – клупата на Тотенхем

Младиот тренер добива примамлива понуда – клупата на Тотенхем
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Младиот 38-годишен фудбалски тренер Един Терзиќ би можел ова лето да седне на клупата на премиерлигашот Тотенхем, пишуваат германските и англиските медиуми.

Терзиќ, кој сезоната ја започна како помошник на тренерот Фавр во Борусија Дортмунд во текот на сезоната доби можноста да ги предводи „милионерите“. Шансата ја искористи – со Борусија избори пласман во ЛШ идната сезона, а го освои и Купот на Германија.

Сега се шпекулира дека тој може да ја наследи функцијата на Жозе Мурињо кај лондонскиот тим.

Инаку, Терзиќ кариерата како тренер ја започна како асистент на Славен Билиќ, има искуство во Англија бидејќи работеше во Вест Хем.

Освен Тотенхем, неговото име се споменува и како тренер на Њукасл, односно Кристал Палас.

> Младиот тренер добива примамлива понуда – клупата на Тотенхем <

Можете да прочитате

И покрај поразот во Ларнака, Шкендија продолжува во Европа

Лазаров го објави списокот за Европското првенство

Роналдо не гласаше за најдобар играч на сезоната на ФИФА