Утрински Весник
Свет

(Видео) Израел го гранатираше Либан, поради одмазда истрела 22 гранати

(Видео) Израел го гранатираше Либан, поради одмазда истрела 22 гранати

Израелската армија ја гранатираше територијата на Либан како одмазда за истрелувањето на неколку ракети од нејзината територија кон Израел.

Шест ракети беа испукани од Либан кон северен Израел и сите паднаа на територијата на Либан. Како одговор, нашите артилериски сили стрелаа кон цели лансирани од ракети“, соопшти израелската армија.

Експлозиите се слушнаа околу кибуц Мисгав Ам во северен Израел непосредно пред израелската армија да соопшти дека одговорила со артилериски оган.

На социјалните мрежи се појави видео кое наводно го покажува израелскиот одговор.

Нејасно е точно колку ракети биле истрелани од територијата на Либан, бидејќи израелската армија објави дека станува збор за шест ракети, додека АФП објави, повикувајќи се на либански безбедносни извори, дека станува збор три ракети.

Израелската армија истрела 22 гранати, изјави за „Ројтерс“ либански воен извор. Нема извештаи за жртви или штети од двете страни.

Мировната мисија на ОН во Либан, УНИФИЛ, објави дека испалувањето ракети било забележано од областа Рашаја ал-Фукар, село близу границата, и дека Израел возвратил на оган.

Размената на оган следеше за време на конфликтот меѓу Израел и Палестинците, кој трае со денови и во кој загинаа повеќе од 200 лица, а околу 1.500 беа повредени.

Израелската армија соопшти дека во текот на ноќта помеѓу понеделник и вторник уништила 15 километри од тунелот во Газа што го користел Хамас и дека од Појасот Газа биле истрелани 90 ракети кон израелските градови.

Можете да прочитате

Уште една европска земја воведува туристички такси

Путин: Ако Киев стане нуклеарна сила, Русија ќе го употреби целото свое оружје против Украина

Во Велика Британија почна судски процес против тројца Бугари обвинети за шпионажа за Русија