Утрински Весник
Македонија

Спасовски се вакцинираше против Ковид-19

Спасовски се вакцинираше против Ковид-19

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска во вакциналниот пункт во Куманово се вакцинираше против ковид-19 со вакцината на „Синофарм“. Тој напиша на Фејсбук дека ја исполнил својата должност како граѓанин.

Тој апелираше граѓаните да се вакцинираат за што поскоро да се врати нормалниот живот.

„ Се чувствувам одлично и се враќам на работните обврски. Ве охрабрувам сите да го сторите истото, доколку сѐ уште не сте регистрирани, пријавете се на веб-страницата www.vakcinacija.mk – само со масовна имунизација ќе постигнеме колективен имунитет, тоа е единствениот ефикасен начин за заштита од коронавирусот“ напиша Спасовски.

Можете да прочитате

Во Кичево уапсен осуденик баран со потерница

Средба на министерот Муцунски со министерот за надворешни работи на Украина, Андриј Сибиха

Нова акција на МВР: Од две лица од Струмица одземени скоро 600.000 во кеш