Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Тетовската полиција најави кривични за „балистите“ кои на трибини ја славеа титулата на „Шкендија“

Тетовската полиција најави кривични за „балистите“ кои на трибини ја славеа титулата на „Шкендија“
Img 7972

Тетовската полиција најави кривични пријави против навивачите на тетовскиот фудбалски клуб „Шкендија“, познати како „балисти“ кои денеска влегоа на трибините на стадионот во Тетово додека беше во тек натпреварот меѓу „Шкендија“ и „Шкупи“ и покрај забраната за присуство на навивачи поради пандемијата.

„Навивачите ги прекршија мерките кои се пропишани за спречување на ширење на Ковид-19“, соопштија од тетовската полиција.

Инцидентот фрли дамка на последното коло во првата македонска фудбалска лига, откако „балистите“ и покрај забраната за присуство на навивачи, тргнаа да ја прослават новата титула.

Мечот беше прекинат на 15 минути пред крајот затоа што гостинските фудбалери се повлекоа во соблекувалните.

Како што информираат од полицијата, по преземените мерки, се обезбедиле услови за регуларна завршница на мечот.

Трибините беа испразнети, а натпреварот заврши со резултат 1-1.

Против прекршителите ќе бидат изготвени поднесоци, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Заев земал куферче со пари од Борисов, сега какво куферче бугарски пари земал Филипче за актуелниот трик наречен црвени линии

Во Струга уапсени три лица за нелегален превоз на огревни дрва

ВЛЕН: “Скенерот” што го бара Али Ахмети е се вика Артан нон грата Груби!