Утрински Весник
Свет

Берлускони излезе од болница

Берлускони излезе од болница

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони ја напушти болницата во Милано во Сан Рафаеле, каде престојуваше пет дена, изјави портпаролот на неговата партија.

84-годишниот Берлускони излегол преку страничниот излез, а фотографите и снимателите не го виделе пред главната врата, пренесува Ројтерс.

Последните денови се засилија шпекулациите дека здравјето на Берлускони се влошува. Неговите лекари не објавија детално ажурирање на неговата состојба со недели, но неговата партија во петокот негираше дека тој е во критична состојба.

„Не е време за некролози“, рече еден партиски извор.

Бизнисменот милијардер неколкупати се пријавил во болница откако во септември минатата година се разболе од коронавирусот.

Тој тогаш им изјави на новинарите дека го преживеал „најопасниот предизвик“ во неговиот живот, но неименувани извори подоцна рекоа дека тој сè уште ги чувствува ефектите на смртоносниот вирус, пренесува Ројтерс.

Тој беше хоспитализиран во март, а потоа двапати во април. Берлускони исто така отиде во болница во јануари поради проблеми со срцето.

Можете да прочитате

Владата на Мелони го собори рекордот за најдолговечна италијанска влада по Втората светска војна

Русија соопшти дека погодила два брода во Црното Море кои превезувале оружје за Украина

Путин: Русија има доволно војници и нема потреба од нова мобилизација