Утрински Весник
Спорт

Ветераните Дани Алвеш и Тијаго Силва се вратија во бразилската репрезентација

Ветераните Дани Алвеш и Тијаго Силва се вратија во бразилската репрезентација

Бразилскиот селектор Тите ги врати ветераните Дани Алвеш и Тијаго Силва во репрезентацијата за квалификациите за Светското првенство во 2022 против Еквадор и Парагвај следниот месец.

38-годишниот Алвеш, кој сега игра во Сао Пауло, и Силва, кој има одлична сезона со Челси, се вратени во селекцијата бидејќи се „вистински спортисти кои играат фудбал“, објаснува селекторот.

Бразил е лидер во јужноамериканската квалификациска група со четири победи од четири меча и два поени предност пред Аргентина. Мечевите против Еквадор и Парагвај требаше да се играат во март, но беа одложени поради пандемијата на корона вирусот. Враќањето на Алвеш и Силва не значи дека тие ќе бидат вклучени во тимот за Копа Америка, која стартува на 13 јуни.

БРАЗИЛ

Голмани: Алисон (Ливерпул), Едерсон (Манчестер сити), Вевелтон (Палмеирас).

Дефанзивци: Дани Алвеш (Сао Пауло), Данило (Јувентус), Алекс Сандро (Јувентус), Ренан Лоди (Атлетико Мадрид), Едер Милитао (Реал Мадрид), Лукас Верисимо (Бенфика), Маркињос (ПСЖ), Тијаго Силва (Челси).

Среден ред: Касемиро (Реал Мадрид), Даглас Луиз (Астон вила), Евертон Рибеиро (Фламенго), Фабињо (Ливерпул), Фред (Манчестер јунајтед), Лукас Пакета (Лион).

Напаѓачи: Евертон (Бенфика), Роберто Фирмино (Ливерпул), Габриел Барбоса (Фламенго), Габриел Жесус (Манчестер сити), Нејмар (ПСЖ), Ришарлисон (Евертон), Винисиус Жуниор (Реал Мадрид).

> Ветераните Дани Алвеш и Тијаго Силва се вратија во бразилската репрезентација <

Можете да прочитате

Кими Антонели победник на трката за Големата награда на Јапонија

Сабаленка влезе во историјата го освои Саншајн Дабл

Претседател на македонски фудбалски клуб фатен со шверцувано злато во Турција