Утрински Весник
Македонија

144 сообраќајни прекршоци во Скопје, 63 за брзо возење

144 сообраќајни прекршоци во Скопје, 63 за брзо возење

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 144 казни информира МВР, меѓу кои за возење над дозволената брзина 63 санкции, 36 за прекршоци што ги направиле возачите на мотоцикли, 13 за возење без возачка дозвола.

Изречени се пет санкции за нерегистрирани возила, три за некористење сигурносен појас, велат од МВР.

Додаваaт дека засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за поголема сообраќајна безбедност.

Можете да прочитате

Филипче: Глигоров има историски заслуги за независноста по мирен пат

Мистериозна смрт во Битола: Пред да биде пронајден мртов, камера снимила како човек го влече струмичанецот по Широк Сокак

АХВ: Потврдени три позитивни случаи на вирусот на Западнонилска треска кај угинати гаврани