Утрински Весник
Економија

Заев и Битиќи на средба со менаџментот на Атинската берза

Заев и Битиќи на средба со менаџментот на Атинската берза

Економијата во фокусот на средбите на премиерот Зоран Заев, кој заедно со вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, одржаа работен состанок со менаџментот на берзата на Атина, „Атхекс груп“, која го поддржува работењето на грчкиот пазар на капитал, информираат владините служби.

На средбата се дискутираше за предизвиците и можностите за развој на заеднички проекти од регионално значење. Премиерот Заев нагласи дека заеднички вложувања и инвестиции се од особена важност за економскиот просперитет.

На средбата беше истакнато дека пазарот на капитал е важен дел од економското функционирање на земјите и улогата и функцијата што ги имаат за раст и развој на економијата и компаниите се исклучително важни.

Премиерот Заев и вицепремиерот Битиќи истакнаа дека државата гарантира и обезбедува пазарни, слободни и транспарентни услови и односи во економијата со еднакви можности, пазарни услови и правила за компаниите.

На средбата беше истакнато дека влезот во НАТО дополнително ја подобрува сигурноста и предвидливоста за нови инвестициски вложувања.

Атинската берза има традиција на постоење од 1876 година, тргуваат големи и средни компании кои имаат потенцијал за раст.

Можете да прочитате

Нема промена на цените на горивата, поскапува само маузтот

Стратешки енергетски проекти за посигурна иднина: Интерконекторите ја отвораат Македонија кон нови пазари

Бакарот е во фокусот на 19 стратешки проекти на ЕУ – Македонија сè уште не го користи целосно својот потенцијал