Утрински Весник
Спорт

Хери Кејн бара Тотенхем да размисли за понудите за трансфер

Хери Кејн бара Тотенхем да размисли за понудите за трансфер

Откако по вчерашниот пораз од Лидс шансите на Тотенхем за пласман во Лигата на шампионите се во доменот на теоријата, Хери Кејн е подготвен да побара од претседателот Даниел Леви во текот на летото да размислат за понудите за трансфер, тврди британскиот „Сан“.

Напаѓачот подолго време размислува за својата иднина, јавно велејќи дека сака да се бори за големите титули, а се веруваше дека пласман во ЛШ ќе биде доволен да го убеди да остане уште една сезона со Тотенхем. Но, сега, на Спарси им е потребно да победат во последните три меча од сезоната, но и порази на директните конкуренти.

Според „Сан“, 27-годишниот Кејн е свесен дека нема да му дозволат да си замине доколку формално не побара трансфер, и иако тој не е подготвен да го направи тоа, сака Леви да биде „отворен“ за високи понуди.

За Кејн сигурно ќе има заинтересирани ова лето, посебно Манчестер јунајтед и Челси во Премиер лигата, но и Реал Мадрид надвор од Англија.

> Хери Кејн бара Тотенхем да размисли за понудите за трансфер <

Можете да прочитате

Косовските репрезентативци наградени со 500.000 евра пред дуелот со Турција

Вардар нема да наплаќа билети за дербито со ГРК Охрид

Стадионот во Приштина е премал да ги прими сите заинтересирани за дуелот Косово – Турција