Утрински Весник
Спорт

Л’Екип: Нејмар го продолжи договорот со ПСЖ до 2026!

Л’Екип: Нејмар го продолжи договорот со ПСЖ до 2026!

Нејмар стави крај на сите шпекулации околу неговата иднина и потенцијалното враќање во Барселона, откако го продолжи договорот со Пари Сен-Жермен до 2026 година, објавува францускиот спортски весник „Л’Екип“.

Според весникот, Нејмар утре ќе го официјализира договорот, со кој ќе остане на „Паркот на принцовите“ вкупно 9 години, откако во 2017 година, богатиот клуб ја плати клаузулата од 222 милиони евра за да го откупи од Барселона, поставувајќи светски рекорд кој уште не е срушен, а со оглед на кризата во која се наоѓаат најголемите европски клубови, тешко дека ќе биде достигната.

Бидејќи има 29 години, со овој договор, тој би останал во ПСЖ речиси до крајот на неговата кариера.

> Л’Екип: Нејмар го продолжи договорот со ПСЖ до 2026! <

Можете да прочитате

Познати сите учесници на Светското фудбалско првенство 2026

Драма до крај: Босна ја шокира Италија, Чешка ја елиминира Данска

Македонија без голови во Даблин – нападот повторно разочара